Како една од причините за ваквата катастрофална состојба во оваа земја е и ставот на претседателот Жаир Болсонаро, кој постојано го повикува населението да не ги почитува мерките за заштита и е против рестрикции
Бразил урна неславен рекорд по бројот на заразени со коронавирус во еден ден. Министерството за здравство објави дека вкупната бројка се зголемила за рекордни 100 158 и првпат ја надмина границата од 100 000 за еден ден.
Во текот на претходните 24 часа се регистрирани 2 777 смртни случаи од ковид-19, со што вкупната бројка на починати од почетокот на пандемијата досега е 303 462.
Во земјата сè уште има над 1,2 милион активни случаи.
Бразил е втор во светот по бројот на заразени, по САД, откако ја надмина Индија во март, а исто така е втор и по бројот на починати.
Како една од причините за ваквата катастрофална состојба во оваа земја е и ставот на претседателот Жаир Болсонаро, кој постојано го повикува населението да не ги почитува мерките за заштита и е против рестрикции.