Четврти ден по ред Бразил регистрира по повеќе од 50 000 нови случаи на ковид-19.
Бразилското Министерство за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа се пријавени 51 114 нови заразени, со што вкупниот број на заболени сега изнесува 2,39 милиони лица.
Според министерството, недела во земјатаа е евидентиран рекорден број новозаразени, 321 623, јави Си-Ен-Ен.
Во последните 24 часа се регистрирани и 1 211 смртни случаи, со што вкупниот број на умрени се зголеми на 86 449 лица