Бранови со висина од 11 метри уништија огради и дворови во предградија на Сиднеј, а во опасност од уривање се и куќите во крајбрежјето во Нов Јужен Велс. Брановите, како што се наведува од страна на локалните власти, се предизвикани од силен систем на низок притисок.
Предупредувањето за бранови е издадено за целиот брег на државата во должина од 2 100 километри, а до граѓаните е упатен апел да не се приближуваат до крајбрежјето, да не се капат, да не возат чамци и да не рибарат.