Како што објавија дел од медиумите, внукот наводно ќе го носи името на дедото – Бранко.
Љупчо Црвенковски, син на политичарот и поранешен претседател и премиер на Македонија, Бранко Црвенковски, стана татко. Ова е прво дете на Љупчо и неговата сопруга.
Поранешниот лидер на политичката партија СДСМ со сопругата Јасна Црвенковска има две деца, синот Љупчо и ќерката Марија.
Љупчо Црвенковски не се експонира во јавноста и не гради политичка кариера како својот татко. Тој има дипломирано на Економскиот факултет на државниот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Како што објавија дел од медиумите, внукот наводно ќе го носи името на дедото – Бранко.