Даниела Штајнфелд, која пред неколку месеци во документарец што го сними во Америка откри дека е жртва на силување, пред неколку дена во Вишото обвинителство во Белград изјави дека во 2012 година била силувана од Лечиќ
Еден од доказите доставени до Обвинителството е снимка од разговор што актерката го снимила со Лечиќ неколку години по силувањето
Лечиќ негира и изјави дека ќе се бори за вистината ако треба и со полиграф, а во меѓувреме и се извини на Штајнфелд ако со некаков гест ја навредил, повредил или понижил
Актерот и политичар Бранислав Лечиќ објави дека за в петок е повикан во Вишото јавно обвинителство во Белград да даде исказ во врска со обвинувањата за силување од неговата колешка Даниела Штајнфелд кое се случило во 2012 година.
Во видео-изјава, Лечиќ рече дека ќе се бори да ја докаже вистината, доколку е потребно и на полиграф, иако медиумите веќе го осудиле и дека се доведени во прашање неговото име, презиме и кариера.
Рече дека никој нема право да води хајка против никого и дека мора да се почитува презумпцијата на невиност.
„Не барам ништо друго, освен она за што зборуваме да биде на место каде што се професионалци и каде се одлучува на сериозен и легален начин“,
рече Лечиќ, негирајќи каква било друга врска со Даниела Штајнфелд, освен професионална.
Тој исто така и се извини на Штајнфелд и, како што рече, на секоја жена што се чувствува загрозена, потценета или понижена доколку тој „во кое било време, или со некое движење, размислување, случајен гест или намерен гест ја навреди, повредил или понижил“.
Даниела Штајнфелд, која пред неколку месеци во документарец што го сними во Америка откри дека е жртва на силување, пред неколку дена во Вишото обвинителство во Белград изјави дека била силувана од Бранислав Лечиќ.
Еден од доказите доставени до Обвинителството е снимка од разговор што актерката го снимила со Лечиќ неколку години по силувањето. Како што изјави за „Инсајдер“, таа го поканила како дел од процесот на закрепнување од траумата што ја преживеала и го снимила тој разговор. Гласот на Лечиќ, како што е пренесено, е препознатлив во оваа оригинална снимка, а врз основа на содржината на разговорот, јасно е дека тој не го негирал настанот.
Лечиќ изјавил за дел од медиумите дека не може да коментира толку чувствителна тема се додека не добие покана од Обвинителството, односно додека не добие „црно на бело“ дека е обвинет за нешто такво.
Поради овој скандал, истакнатата српска актерка, Мирјана Карановиќ, го извести Југословенскиот драмски театар дека не сака повеќе да игра во претставата Маме му е … кој прв почна“ со Бранислав Лечиќ.