„Противоотровот на лагите на „триото” е вистината. Луѓето гледаат каде сме и што правиме“, напиша на својот Фејсбук профил бугарскиот премиер Бојко Борисов.
Тој, симболично снимајќи се себеси како управува со својот автомобил укажува дека секој ден може да се види што се е сработено и колку напред е отидена Бугарија.
Само тоа, според него е начин да им се одговори на лагите и невистините кои ги продуцираат луѓе што своевремено го молеле да бидат негово соработници.
Во однсо на протестите, бугарскиот премиер вели дека тие се израз на демократија, но според него, правото на протест не смее да ги загрозува основните права на останатите граѓани.
„Кој сака, нека протестира, Но, дали е демократски на ваков начин да се нарушуваат нечии права? Дали е во ред да се напаѓаат и да провоцираат полицајците? Нека има протести, но да не се затвораат крстосници, да не се попречува нормалниот живот на луѓето“,
нагласува Борисов.
На крајот од своето видео обраќање бугарскиот премиер порачува дека се ќе се реши со демократски средства.
„Догодина има избори. Кој ќе победи, тој ќе ја води државата. Ете, тоа е демократија“,
потенцира Борисов.
Арман Бабикјан, Велислав Минеков и Николај Хаџигенов се т.н. „Отровно трио“ кое ги предводи повеќенеделните протести во Софија и поголемите градови на Бугарија.
Тие бараат оставка на Борисов и на државниот јавен обвинител Иван Гешев. Уживаат поддршка од опозициските социјалисти и од претседателот Румен Радев, кој се смета за иницијатор на демонстрациите.