Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на коронавирусот.
„Иако РЗИ официјално го укина мојот карантин, уште во петокот ги одложив сите состаноци и јавни настани за наредните денови. По два ПЦР-теста, од денеска сум позитивен на ковид-19“,
напиша Борисов, додавајќи дека чувствува малаксаност и дека по препорака на лекарите останува на домашно лекување.
Тој рече дека ги доставил сите контакти кои ги имал во овој период.
Во саботата, по два негативни тестови ПЦР теста, карантинот на Борисов беше укинат.