Британскиот премиер Борис Џонсон е примен вечерва во болница во Лондон, десет дена откако неговиот тест за коронавирус се покажа позитивен, објави Би-би-си.
„Џонсон продолжува да има постојани симптоми на инфекција со коронавирус, вклучувајќи и температура“,
соопшти портпарол на Даунинг стрит.
Тој објасни дека хоспитализирањето на Џонсон претставува „превентивна мерка“, по совет на личниот лекар на британскиот премиер.
Џонсон останува да ја предводи владата на Британија. Тој уште еднаш ги повика Британците да ги почитуваат неговите совети за социјално дистанцирање.