Тој сака да го обнови многу поредовниот ангажман за многу пошироки прашања од самото проширување, за кое имаме многу почести контакти на многу нивоа на ЕУ и партнерите од Западен Балкан, изјави денеска неговиот портпарол
Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Жозеп Борел очекува на утрешната вечера во Брисел, лидерите од Западен Балкан да му ги презентираат своите ставови за политичката состојба и развојот во регионот, изјави денеска портпаролот на Европската комисија Петер Стано.
За тоа што очекува Борел да слушне од лидерите во регионот и која е неговата порака до нив, Стано рече дека самото одржувањето на состанокот е важно, имајќи предид дека немало такви состаноци меѓу високи претставници на ЕУ и Западен Балкан.
„Ова е логично продолжение на дискусијата што министрите за надворешни работи на ЕУ ја одржаа минатата недела за регионот, кога дискутираа од поширок стратешки и политички агол за Западен Балкан, а не само за проширувањето“,
изјави Стано.
Министрите за надворешни работи на Унијата, според Стано, сакале да ја разгледаат ситуацијата од поширока перспектива, а причината и целта на утрешната средба е навистина да се слушне од лидерите на Западен Балкан како тие ја гледаат тамошната политичка ситуација таму.
„Тој сака да го обнови многу поредовниот ангажман за многу пошироки прашања од самото проширување, за кое имаме многу почести контакти на многу нивоа на ЕУ и партнерите од Западен Балкан. Тоа е целта на таа вечера и очекувањето е таквата размена на мислења да продолжи и да даде појасен импулс на сегашниот ангажман на ЕУ во однос на Западен Балкан“,
најави денеска Стано.
Ја повикуваме ЕУ да го гледа регионот на Западен Балкан како целина, и не само како одделни земји со кои преговара. Ова порака ја пренесе словенечкиот премиер Борут Пахор, по завршувањето на денешниот самит на Процесот Брдо – Бриони, нa кој освен тој и претседателот на Хрватска Зоран Милaновиќ, учествуваа и шест претседатели на земји од Западен Балкан.
Тие усвоија и декларација во која се наведува дека Брисел треба да гледа на регионот како геополитичко прашање.
Во декларацијата уште се вели дека ЕУ треба без одлагање да започне преговори со С Македонија и Албанија и се нотира проблемот кој го има нашата земја со блокадата од Бугарија.