Додека Борел испраќа пораки дека Брисел нема да толерира понатамошна ескалација на тензиите, српските медиуми јавуваат дека специјалци на косовската полиција вечерва се распоредиле низ улиците во Општина Звечан, во која живее мнозинско српско население
И покрај вчерашниот кризен состанок во Брисел, ескалацијата продолжува и станува опасна. Нема да го толерираме тоа, порача вечерва шефот на европската дипломатија Жозеп Борел во порака која преку социјалните мрежи ја упати до Белград и до Приштина.
„Многу сме вознемирени од ситуацијата на северот на Косово: Апсење Срби, марш на косовските безбедносни сили во јужна Митровица, пропратено со тешка реторика од Србија“,
напиша Борел.
Тој вчера имаше одвоени состаноци со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти на кои ги повика да се спроведе темелна истрага за апсењата, како и да се преземат соодветни акции понатаму.
„Исто така, му повторив на Вучиќ дека тројцата косовски полицајци кои беа уапсени во Србија мора да бидат веднаш и безусловно ослободени“,
рече вчера Борел.
Very alarmed by situation in north of Kosovo: extrajudicial arrests of K-Serbs & Kosovo Security Forces marching in South Mitrovica; followed by heavy rhetoric from Serbia.
— Josep Borrell Fontelles (@JosepBorrellF) June 23, 2023
Despite yesterday’s crisis meeting, escalation continues & is becoming dangerous. We will not tolerate it.
Додека Борел испраќа пораки дека Брисел дека нема да толерира понатамошна ескалација на тензиите, српските медиуми јавуваат дека специјалци на косовската полиција вечерва се распоредиле низ улиците во Општина Звечан, во која живее мнозинско српско население.
Порталот „Косово онлајн“ пишува дека главната улица е блокирана од двете страни, а граѓаните се видно вознемирени бидејќи одеднаш се појавиле повеќе возила од кои излегле специјалци и се распоредиле околу зградата на општината.
Порталот наведува дека ова може да биде обид да нови апсења на Србите во Косово.
Речиси истовремено со доаѓањето на косовските специјалци, повикувајќи се на изјави на локалното население, медиумот наведува дека хеликоптер на КФОР слетал недалеку од Звечан.