Тој во изјавата дадена пред почетокот на Самитот Г-7 истакна дека две теми ќе бидат важни на тридневната средба: потребата од унифициран пристап кон Кина и загриженоста за Тајван
Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, изјави дека односите помеѓу Кина и ЕУ ќе зависат од однесувањето на Пекинг, вклучително и тоа што се случува во Тајван.
Борел поради ковид-19 не присуствува на средбата на министри за надворешни работи на Групата седум индустриски најразвиени земји во светот (Г-7), што денеска почнува во јапонското одморалиште Каруизава и ќе трае до 18 април.
Тој во изјавата дадена пред почетокот на Самитот Г-7 истакна дека две теми ќе бидат важни на тридневната средба: потребата од унифициран пристап кон Кина и загриженоста за Тајван.
Кина е централна тема на средбата на шефовите на дипломатијата на земјите членки на Г-7.