Борел на Твитер напиша дека на денешниот мировен форум во Париз се разговара за изнаоѓање начин за решавање на растечката криза во енергетскиот, прехранбениот и инфлацискиот сектор
Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел, во Париз изјави дека руската агресија врз Украина е главната причина за глобалната повеќекратна криза и дека Москва ја користи храната како оружје за војна.
Борел на Твитер напиша дека на денешниот мировен форум во Париз се разговара за изнаоѓање начин за решавање на растечката криза во енергетскиот, прехранбениот и инфлацискиот сектор.
„Ќе излеземе од повеќекратната криза со јасно дефинирање кој е одговорен и поддржувајќи ја Украина и земјите во развој да се справат со последиците од војната. Европската унија ја игра својата улога. Руската агресија против Украина е главната причина за оваа глобална мултикриза“,
рече тој.
Борел додаде дека неизбежната меѓународна конкуренција ја спречува глобалната соработка, која е многу неопходна во овој момент.
„Мораме да избегнеме натамошно растење на јазот меѓу Северот и Југот и Истокот и Западот“,
напиша тој.