Москва и Кина соопштија дека немале никаква намера кон трета страна, додека Американско-канадската воздухопловна одбранбена команда (НОРАД) соопшти дека двата авиони биле во меѓународен простор и не претставувале закана

Русија и Кина извршија заедничка патрола над Севернопацифичкиот Океан близу брегот на Алјаска. Двете земји ова го имаат направено неколкупати во минатото.
Но вчерашната патрола вклучуваше два бомбардери од двете држави, што е прва патрола од таков воздушен тип.
Москва и Кина соопштија дека немале никаква намера кон трета страна, додека Американско-канадската воздухопловна одбранбена команда (НОРАД) соопшти дека двата авиона биле во меѓународен простор и не претставувале закана.
Сепак, според сенаторот на Алјаска, Лиса Мурковски, се работи за провокација, бидејќи бомбардерите биле пресретнати додека извршувале мисија заедно.
Кина и Русија значително ги развија односите откако Москва беше ставена под санкции од страна на Западот поради воената инвазија во Украина, која ја започна во февруари 2022 година. САД и земјите од Европа будно ги следат односите на двете држави.
По неодамнешниот Самит на НАТО во Вашингтон, земјите членки излегоа со заедничко соопштение во кое ја обвинија Кина дека ја овозможува војната во Украина и побараа од Кина да ја стопира својата политичка и материјална помош за Русија.
Американското министерство за одбрана во понеделникот рече дека Кина и Русија постојано ги зацврстуваат односите и дека тие само ќе се подобруваат.
Од друга страна, Дмитри Песков, портпарол на Кремљ, ги отфрли таквите наводи и потенцира дека соработката помеѓу Москва и Пекинг придонесува само кон стабилност на Арктикот.