Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро денеска објави дека повторно бил тестиран за коронавирус и дека тестот покажал негативен резултат.
Тој се „пофали“ и на социјалните мрежи со фотографија на која се гледа дека во рацете држи пакување хидроксихлорокин – лек против маларија за кој недостигаат научни докази дека е ефикасен во борбата против ковид-19.
Овој тест со негативен резултат му е четврти овој месец откако на 7 јули, кога соопшти дека е инфициран.
Болсонаро не наведе каде се тестирал.
Претходниот тест тој го правел во средата, но тогаш резултат му бил позитивен.