На крајот на денешното судско рочиште за „Рекет“, Бојан Јовановски-Боки 13 повторно бараше да му се укине притворот поради здравствената состојбата, па на крајот од излагањето упати провокација кон обвинителката Вилма Русковска која минатата недела на воведните зборови за случајот за организаторите на „27 април“ цитираше мисла од Гоце Делчев.
„Нема да си дозволам да го цитирам Гоце Делчев со мисла зашто овде никој не е достоен да го цитира него, но ќе го цитирам нобеловецот Иво Андриќ: ‘Дојде време кога паметниот молчи, будала зборува, а фукарата се обогатува’. Дојде време кога целиот државен врв е свртен против еден, а тоа сум јас во случајот“,
рече Боки.
Обвинителката Вилма Русковска не молчеше, па се обрати и таа.
рече обвинителката.
„Судија, а да го прашате дали зa фукарата што се обогатила мисли на себеси“,
По ваквиот коментар, Боки 13 ѝ се обрати на Русковска: „Срам да ти е…“
Судијката ја прекина расправијата и порача дека на некое од наредните рочишта ќе се произнесе за притворот и го закажа следното за в петок.