Индија запре со увоз на руско оружје поради загриженост од западни санкции против властите на земјата, соопшти денеска Блумберг повикувајќи се на извори во владата на Индија.
Се наведува дека Русија веќе цела година не може да добие исплата од две милијарди долари за оружје наменето за Индија.
Според агенцијата, Индија не сака да изврши исплата во долари за да избегне санкции од САД. Русија, пак, не сака да прими исплати во индиски рупи поради нестабилност на таа валута.
Сега Индија се обидува да најде начин како да плати за веќе договорената испорака на оружје, два ракетни систем за воздушна одбрана С-400 и резервни делови, а да не се најде под санкции, пишува Блумберг.