Тој ги враќал децата од часови по пливање кога решил да застане за да им помогне на патките да поминат преку прометната улица

Маж од Калифорнија загина во сообраќајна несреќа додека помагал на група патки да премине прометна улица.
Тој бил прегазен од автомобил со кој управувал тинејџер, а непосредно пред ударот, како што соопшти локалната полиција, бил забележан како им помага на патките.
Станува збор за 41-годишниот Кејси Ривара кој додека ги враќал децата од часови по пливање, забележал како мајка и мали патки не можат да поминат преку улицата. Застанал за да им помогне што било кобно за него.
На бизарната несреќа сведочеле деца кои биле во близина.
„Тие велеа: ’Колку е слатко ова. Многу убаво од него‘. И одеднаш го удри автомобил“,
вели мајката на децата очевидци во изјава Си-би-ес.
Сообраќајката се случила синоќа нешто по 20 часот по локално време, а откако веста се прошири, локалното население на местото на несреќата остава цвеќиња и гумени играчки во форма на патки.