„Треба да гледаме кон регионалната конкурентност, наместо кон регионалната конкуренција, да создадеме пазар што ќе ги компензира производите што доаѓаат од тие далечни земји и да станеме силен и сигурен партнер за целата Европска унија„ рече вицепремиерот Битиќи во своето обраќање на Бизнис форумот со Стопанските комори на Северна Македонија и Хрватска, што се одржува во Загреб
Нашиот регионот треба да работи на приближување на синџирот на снабдување до границите на Европската Унија (ЕУ), бидејќи далечните пазари за снабдување се покажаа како неодржливи, истакна заемник-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, коориднација на економските ресори и инвестиции, Фатимир Битиќи во своето обраќање на Бизнис форумот со Стопанските комори на Северна Македонија и Хрватска.
„Треба да гледаме кон регионалната конкурентност, наместо кон регионалната конкуренција, да создадеме пазар што ќе ги компензира производите што доаѓаат од тие далечни земји и да станеме силен и сигурен партнер за целата Европска унија. Процесите на `Near` или `Friend Shoring` се неизбежни и ние како регион мора да ја искористиме шансата“,
рече Битиќи.
Тој истакна дека земјава и регионот треба да ги искористат како лекции искуствата што Хрватска ги има и која како земја членка е дел од единствениот пазар на ЕУ.
„Одлично е што денес овде имаме претставници од Коморите, кои верувам дека можат да ја интензивираат соработката меѓу бизнисите во Хрватска и Северна Македонија, бидејќи преку формализиран пристап од двете страни ќе има поголема двонасочна комуникација и убеден сум дека тоа би била плодна, бидејќи преку системско и темелно артикулирање на барањата на компаниите можат да се најдат соодветни решенија за надминување на предизвиците“,
заклучи Битиќи.
На Бизнис форумот кој е во организација на Амбасадата на Репбулика Северна Македонија во Загреб, Хрватската стопанска комора и Македонско- Хрватскиот деловен клуб, учестуваат и претставници од Стопанската комора на Северна Македонија, Стопанската комора на Северо-западна Македонија, Сојузот на стопански комори како и голем број претставници на компании од двете земји.
Претставници на кабинетот на вицепремиерот Битиќи пред присутните имаа презентација на можностите и условите за инвестирање во земјава.