БЕГ вечерва преку соопштение информира дека има пари за набавка на гас до крајот на утрешниот ден и предлага Владата времено да го преземе управувањето со компанијата почнувајќи од утре, па сè до завршување на кризната состојба во оваа грејна сезона
Претходно денеска, министерот за економија Крешник Бектеши на прес-конференција најави дека АД ТЕ-ТО ќе работи седум дена во неделата во период од 05 до 01 часот со полна моќност, (за разлика од досега од понеделник до петок), а АД ЕСМ ќе го откупува вишокот на електрична енергија што компанијата нема да го продаде на слободниот пазар
Со преземањето на електричната енергија од АД ТЕ-ТО дополнително ќе се обезбеди производство и на топлинска енергија за БЕГ со што ќе се овозможи континуирано, квалитетно и економски исплатливо снабдување со топлинска енергија на потрошувачите во Град Скопје
Во моментот кога БЕГ ќе престане да испорачува топлинска енергија во Скопје, ќе му биде одемена лиценцата а одговорноста за снабдување со топлинска енергија ќе ја преземе Владата, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски за СДК.мк
БЕГ вечерва преку соопштение информира дека има пари за набавка на гас до крајот на утрешниот ден и предлага Владата времено да го преземе управувањето со компанијата почнувајќи од утре, па сè до завршување на кризната состојба во оваа грејна сезона.
Но, според Бислимоски тоа не е прифатливо, бидејќи како што вели не може друг да им го решава проблемот на БЕГ, за потоа во мај да се вратат „на бел коњ“.
„Предлогот што го понуди БЕГ за Регулаторната комисија е неприфатлив, имајќи предвид дека сите опции што ги понудија и Регулаторната комисија и Владата, БЕГ и ТЕ-ТО ги одбија. Се разбира дека одговорноста за снабдување со топлинска енергија ќе си ја преземе Владата кога веќе БЕГ кажува дека тоа нема да може да го прави од сабота, но затоа Регулаторната комисија ќе им ја одземе лиценцата за работата. Дополнително, нека не очекуваат некој друг да им го реши проблемот за тие во мај да се вратат како принцеви на бели коњи. Сè што треба да преземе државата за да си ги заштити граѓаните, ќе преземе“,
вели Бислимоски за САКАМДАКАЖАМ.МК.
Претходно денеска, министерот за економија Крешник Бектеши на прес-конференција најави дека АД „ТЕ-ТО“ ќе работи седум дена во неделата во период од 05 до 01 часот со полна моќност, (за разлика од досега од понеделник до петок), а АД ЕСМ ќе го откупува вишокот на електрична енергија што компанијата нема да го продаде на слободниот пазар, за што утре ќе биде потпишан договор меѓу двете компании.
Ваквата одлука е донесена денеска на седница на Влада и ќе трае до крајот на месецот, но Владата има можност, доколку се укаже потреба, да ја продолжи бидејќи во земјава е прогласена кризна состојба во енергетиката.
„Цената по која АД ЕСМ ќе ја преземе дополнително произведената електрична енергија од производителот АД ТЕ-ТО е 170 евра по мегават час и е производна цена на електрична енергија од комбинирана постројка за производство на електрична и топлинска енергија од природен гас со вкалкулирана продажна цена на природен гас во Република Северна Македонија за јануари 2022“,
изјави Бектеши.
Тој појасни дека со преземањето на електричната енергија од АД ТЕ-ТО дополнително ќе се обезбеди производство и на топлинска енергија за БЕГ со што ќе се овозможи континуирано, квалитетно и економски исплатливо снабдување со топлинска енергија на потрошувачите во Град Скопје и во исто време при постоење на кризна состојба во снабдување со електрична енергија ќе се овозможи да се заштедат природните ресурси кои АД ЕСМ ги користи за производство на електрична енергија.