Од почетокот на руската инвазија врз Украина на 24 февруари до денес, Украина истражува речиси 26.000 случаи на воени злосторства, изјави главниот украински обвинител за воени злостроства.
Досега се обвинети 135 лица, а од нив, 15 веќе се наоѓаат во притвор додека пак останатите 120 се уште се во бегство, потврди шефот на одделот за воени злосторства на Канцеларијата на главниот обвинител, Јури Билоусов.
„Досега до судовите се поднесени 13 предмети и донесени се 7 пресуди“,
кажа Билоусов.
Првата пресуда за воени злосторства во Украина падна во мај, кога 21- годишен заробен руски војник беше осуден на доживотен затвор за убиство на невооружен украински цивил.
„Некои не прашаа зошто ги гониме само нив… ниско рангираните војници. Тоа е само затоа што тие се физички тука. Доколку и генералите се тука, и доколку сме во можност да ги приведеме, тогаш без сомнение ќе ги гониме и нив“,
рече Билоусов.