Од изборите наваму, има се повеќе гласови во редовите на демохристијаните, кои бараат Лашет да преземе одговорност за лошите изборни резултати и да ослободи простор за обнова на партијата
Христијанско -демократската унија (ЦДУ) на почетокот на декември планира да одржи конгрес на кој најверојатно ќе се одлучува за судбината на претседателот Армин Лашет, обавиј германскиот весник Билд.
Според весникот, ЦДУ веќе ја резервирала изложбената сала во Дрезден за периодот од 6 до 13 декември. Истовремено, од седиштето на партијата соопштуваат дека се уште не е познато дали настанот ќе се одржи или ќе биде одложен за следната година.
„Во секој случај, јасно е дека времето на Лашет веќе помина“,
пишува Билд.
Вечерва се одржува конференција на парламентарната група на ЦДУ/ЦСУ во Бундестагот и разговори со премиерите на провинциите – каде контроата ја имаат конзервативците, и каде може да стане збор за судбината на Лашет.
На изборите за Бундестагот на 26 септември, СДП победија со 25,7 отсто од гласовите на Германците, додека конзервативниот блок ЦДУ/ЦСУ освои 24,1 отсто, што е најлош резултат во нејзината историја.
И покрај второто место, ЦДУ/ЦСУ се обидува да формира владејачка коалиција со либералите и зелените, но тие претходно одлучија за можна влада да преговараат со социјалдемократите, со што практично го отфрлија предлогот на конзервативците.
Од изборите наваму, има се повеќе гласови во редовите на демохристијаните, кои бараат Лашет да преземе одговорност за лошите изборни резултати и да ослободи простор за обнова на партијата.
Меѓу погласните се министерот за здравство Јенс Шпан, експертот за надворешна политика на демохристијаните Норберт Ретген, како и Фридрих Мерц, кој како поразен конкурент на Ангела Меркел се повлече од партиската политика, а сега освои пратенички мандат.