Британскиот премиер Борис Џонсон ќе поднесе оставка, јави Би-би-си
Премиерот Борис Џонсон се согласи да поднесе оставка, ставајќи крај на невидената политичка криза.
Џонсон ги отфрли повиците на неговиот кабинет да се повлече, но попушти откако повеќе од 50 министри се откажаа од неговата влада и му рекоа да си оди.
Не е јасно дали Џонсон ќе остане на функцијата додека Конзервативната партија избира нов лидер, кој ќе го замени како премиер.