Поранешниот албански премиер, кој пред неколку години го напушти раководството на ДП и го постави Лулзим Баша за претседател, пред неколку месеци започна кампања за враќање на лидерското место, откако досегашниот лидер го отстрани Бериша од пратеничката група на затоа што САД го прголасија за „ персона нон грата“
На денешното Национално собрание на Демократската партија на Албанија ,свикано од поранешниот претседател и поранешен премиер на Албанија, Сали Бериша, беше разрешен сегашниот претседател на партијата, Лулзим Баша.

Од 4 934 делегати, колку што брои Собранието, во тајното гласање учествуваа 4 491, при што за разрешување на Баша гласаа 4 446.
По соопштување на резултатот од гласањето, Бериша истакна дека од денеска почнува борбата за враќање на достоинството на партијата.
Бериша, кој пред неколку години го напушти раководството на Демократската партија и го постави Баша за претседател , пред неколку месеци ја започна кампања за враќање на лидерското место, откако досегашниот претседател, по барање на американската амбасада, го отстрани Бериша од пратеничката група на Демократската партија затоа што САД го прголасија за „ персона нон грата“.
На денешниот национално собрание Бериша, уште еднаш го предизвика американскиот Стејт департмент да презентира докази против него пред судот во Париз за да ја легитимира изјавата „ персона нон грата“, во спротивно тој додаде дека ќе ја продолжи својата започната мисија.

Тој им гарантираше на делегатите, дека е подготвен самиот да донесе каква било одлука доколку постои единствен доказ што ја потврдува одлуката на САД.
Оттука ги повикувам функционерите на Стејт департментот да го однесат во Париз секој документ, доказ што го имаат. Сето тоа да го стават пред јавност. Гарантирам дека секоја одлука ја носам сам. Благодарен сум на пријателите во Европа и САД за нивниот однос кон оваа одлука, но ги поканувам нив и секој на земјината топка кој има еден доказ, јавно да го презентира. Сали Бериша ја носи вистинската одлука, доколку имаат, а ви тврдам немаат докази, ќе останам понизен пред вистината, во спротивно ќе ја продолжам својата мисија. Како верник во Бога и човечкото достоинство, мојата битка за враќање на моето достоинство никогаш нема да престане“
вели Бериша.
Бериша, во својот говор пред делегатите, премиерот на на Албанија,Еди Рама го нарече „алатка“ на Вучиќ, а иницијативата „Отворен Балкан“ ја нарече „замена на Берлинскиот процес со Путин“.
„Отворен Балкан“ е српски хегемонистички Балкан. Тоа е Балкан на руска инфлиенца, на антинационални и антиевропски интерес, тоа е проект кој бара од Албанците да го заменат Берлинскиот процес со процесот на Путин. Го предупредуваме Милошевиќ или новиот Слободан, за „Отворен Балкан“ – да не помислиш да дојдеш во Тирана, бидејќи улиците и плоштадите ќе бидат преполни од народ против тебе. Криминалната група, која денес раководи со Белград е главен инспиратор на геноцидот во Косово, кој го негира геноцидот врз Албанците“,
рече Бериша.
Тој и неговото семејство беа прогласени за „нон грата“ од САД во мај 2021 година.