За само една недела бројот на заразени лица е зголемен за 61 процент, но ова досега ова не води до зголемен број на хоспитализирани и смртни случаи
Белгиската Влада ги советуваше граѓаните денеска да не ја напуштаат државата, особено ако се уште не ги резервирале летните одмори. Повикот е поради влошената епидемиолошка состојба во Белгија и стравувањата од втор бран на ковид-19.
Според здравствените власти, за само една недела бројот на заразени лица е зголемен за 61 процент. Се прецизира дека досега ова не води до зголемен број на хоспитализирани и смртни случаи.
Владата денеска донесе одлука да ја упати полицијата да следи строго придржување кон мерките за заштита. До денеска, заразени се 63.706 лица, а 9.800 починати во Белгија од почетокот на епидемијата