Додека воените аналитичари сугерираат дека зимата може да го „замрзне“ конфликтот на некое време, САД „не очекуваат борбите целосно да запрат во зимските месеци“, изјави Кирби
Сите дискусии за тоа дали е вистинско време да се преговара со рускиот претседател Владимир Путин за завршување на војната во Украина треба да му се остави на претседателот на Украина Володимир Зеленски, а не на САД, изјави денеска за Си-ен-ен Џон Кирби, шеф на Советот за национална безбедност на САД. Тој посочи дека „првичните проценки дека војната би можела да заврши до крајот на годината сега не изгледаат веројатни“.
„Би сакале војната да заврши, ако не денес, тогаш пред крајот на оваа година, која, се разбира, брзо се наближува. Меѓутоа, со оглед на она што го гледаме на теренот во Украина, тешко е да се заклучи дека војната ќе биде готова до крајот на годината“,
изјави Кирби за Си-ен-ен.
Сè уште има крвави битки во Донбас, особено во и околу Бахмут, додаде тој.
„Тоа е релативно мала област, особено ако ја споредиме со некои од другите битки во Украина во изминатите девет месеци, но борбите се многу интензивни. Што се однесува до југот, Русите се во дефанзива, додека Украинците продолжуваат да притискаат. Накратко, активните борби се водат токму сега и очекуваме да продолжат уште некое време“,
рече шефот на Советот за национална безбедност на САД.
Додека воените аналитичари сугерираат дека зимата може да го „замрзне“ конфликтот на некое време, САД „не очекуваат борбите целосно да запрат во зимските месеци“, изјави тој.
„Ништо не сугерира и не очекуваме војната да заврши до крајот на годината. Тоа не значи дека не го сакаме тоа, но едноставно нема ништо не упатува на тоа“,
рече Кирби.