Мајк Волц, советникот на Доналд Трамп за национална безбедност, ги спореди постапките на украинскиот претседател Володимир Зеленски со оние на „поранешна девојка“
Во интервју по петочната напната средба во Белата куќа, која не само што не донесе потпишување на договорот за ретки минерали, туку заврши со предвремено заминување на украинскиот претседател, Мајк Волц, еден од најблиските соработници на Доналд Трамп се надоврза на серијата обвинувања кон Володомир Зеленски.

„Тој очигледно е фокусиран само на верувањето дека треба да ги провери фактите и да ја поправи секоја нијанса. Тоа е како поранешна девојка која сака да расправа за сето она што сте го кажале пред девет години, наместо да ја придвижи врската напред“, изјави Волц.
Токму тој беше задолжен, по петочното јавно фијаско во Овалната соба, да му пренесе на Зеленски дека треба да ја напушти Белата куќа.