Русија треба да се согласи да воспостави демилитаризирана зона околу нуклеарната централа Запорожје во југоисточна Украина, која е во руски раце од март, и да им дозволи на меѓународните претставници да ја проценат безбедноста на локацијата, изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.
Жан-Пјер, исто така, објави дека за ситуацијата околу нуклеарната централа Запорожје претходно денеска американскиот претседател Џо Бајден телефонски разговарал со шефот на украинската држава Володимир Зеленски.
Бајден разговараше со Зеленски и по повод Денот на независноста на Украина, кој беше прославен вчера, објавија владите на двете земји.
Американскиот претседател за време на разговорите, според овие информации, ја потврдил поддршката на Вашингтон за Украина против руската агресија.
„Знам дека ова е годишнина и на тага и на радост, но јасно кажав дека Соединетите Американски Држави ќе продолжат да ја поддржуваат Украина и нејзиниот народ додека се борат да го заштитат својот суверенитет“,
напиша Бајден на Твитер.