Списокот, како што соопшти министерот за економија Крешник Бектеши, е утврден денеска и ќе стапи во сила откако одлуката на Владата ќе биде објавена во „Службен весник“, со што ќе стартува обврската за сите трговци на мало да ги променат цените согласно референтниот датум што го определи Владата
Производите, според одлуката на Владата, ќе се продаваат по цени за 10 отсто пониски од оние што овие производи ги имале на 1 август 2023 година
Инаку, листата на производи што ја утврди Владата, а ја презентира Бектеши, опфаќа 24 категории производи, иако вчера министерот најави дека ќе бидат 25. Имено, во списокот што министерот за економија денеска го презентира меленото месо (свинско и јунешко), односно точките 10 и 13 се повторуваат
Владата на денешната седница го утврди списокот на производи кои трговците на мало ќе треба да ги продаваат по цени за 10 отсто пониски од оние што овие производи ги имале на 1 август оваа година.

Списокот, како што соопшти министерот за економија Крешник Бектеши, е утврден денеска и ќе стапи во сила откако одлуката на Владата ќе биде објавена во „Службен весник“, со што ќе стартува обврската за сите трговци на мало да ги променат цените согласно референтниот датум што го определи Владата.
Инаку, листата на производи што ја утврди Владата, а ја презентира Бектеши опфаќа 24 категории производи, иако вчера министерот најави дека ќе бидат 25. Имено, во списокот што министерот за економија денеска го презентира меленото месо (свинско и јунешко), односно точките 10 и 13 се повторуваат.
Списокот на производи е следен:
- ориз бел во пакување од 900 грама до еден килограм
- брашно пченично тип 400 и тип 500
- бел и полубел леб, векна, индустриски тип 450 грама (цел и на парчиња), со исклучок на свежо печен леб во маркетите
- други пекарски производи
- бисквити „Petit Beure“и бисквити обични и посни од 300 до 500 грама;
- наполитанки, со фил од како крем (обични, непрелеани) од 300 до 500 грама;
- тестенини (макарони и шпагети од тврда пченица – обични) без и со јајца од 500 грама;
- јунешко месо без коски од бут или некој друг дел;
- свинско месо без коски од бут или некој друг дел;
- мелено месо, свинско и јунешко;
- пиле, свежо или замрзнато (цело);
- пилешки стек свеж или замрзнат;
- чаен колбас (јунешки, свински и говедски), без додатоци и без слајс пакување
- пилешка посебна салама (без слајс пакување)
- паштета од џигер и пилешка (без додатоци) во пакување од 95 и 100 грама;
- трајно кравјо млеко (без органско и со додатоци) со малсеност од 2,8 проценти; 3,2 проценти и 3,5 проценти од еден литар;
- јогурт од кравјо млеко обичен (без додатоци) со масленост од 2,8 до 3,2 проценти, во пакување од еден литар и еден и пол литар;
- кисело кравјо млеко (обично, без додатоци) со масленост од 2,8 и 3,2 проценти во пакување до 300 до 500 грама
- павлака од кравјо млеко со масленост од 12 проценти до 20 проценти, во пакување од 180 или 200 грама;
- традиционално кравјо бело сирење и мешано бело сирење (без додатоци);
- традиционален кравји и мешан кашкавал (без додатоци);
- свежи јајца од кокошка;
- свежо овошје;
- свеж зеленчук.
Бектеши на прес-конференцијата појасни како ќе се утврдуваат цените за овие производи, односно дека станува збор за намалување на цените на овие прехранбени производи за 10 проценти од оние што се применувале на 1 август во трговијата на мало.

„Највисоките цени на овие производи, од членот 1 на одлуката, се утврдуваат на нивото на цените што се применувале на 1 август 2023 година во трговија на мало, кои цени се намалуваат за најмалку 10 отсто. Што значи ова? Не зборуваме за постојните цени, зборуваме за цените кои биле во супермаркетите на 1 август и тие цени од 1 август дополнително треба да бидат намалени за 10 проценти“,
рече Бектеши.
Одлуката за прехранбените производи, соопшти Бектеши, предвидува и обврски за трговците производители и трговците на големо кон трговците на мало.
„Трговците за вршење дејност производство и дејност трговија на големо за производите кои ги наведов треба да одобруваат рабат и други надоместоци кон трговецот за вршење на дејност трговија на мало во висина до 5 отсто и не повеќе“,
информираше Бектеши.

Трговците на мало имаат обврска да ги обележат овие производи на полиците со натписот „гарантирана цена“, кој, како што посочи Бектеши, е објавен на веб-страницата на Министерството за економија и веќе е споделен со сите синџири на супермаркети.
„Дополнително како обврска трговците на големо и производителите во нашата држава, вклучувајќи ги тука и увозниците и дистрибутерите, имаат обврска да ги снабдуваат најмалку 70 отсто од количините на истите производи кои ги наведов, а кои ги снабдувале во август 2023 година“,
соопшти министерот за економија.