Американскиот претседател вели дека резултатите од референдумот се произведени во Москва
Американскиот претседател Џо Бајден го крена својот глас за контроверзните руски референдуми во Украина, наведувајќи дека Вашингтон никогаш нема да ја признае руската анексија на делови од Украина.
„Овој таканаречен референдум е срамен. Резултатите беа произведени во Москва, а вистинската волја на украинскиот народ е видлива секој ден додека ги жртвуваат своите животи за да го спасат својот народ, да ја одржат независноста на земјата и да ја бранат слободата“,
рече Бајден.
