Претседателот на САД ги повикува Американците да примат трета доза, најавувајќи дека и тој ќе го стори тоа наскоро
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека невакцинираните Американци прават „голема штета“ на земјата – ја загрозуваат нејзината економија и го забавуваат закрепнувањето, јави Ен -Би -Си.
„Одбивањето да се вакцинираат не чини сите многу скапо“,
изајви Бајден, додавајќи дека продолжувазадолжителната вакцинација, секаде каде што може, и веќе бара две третини од американските работници да бидат вакцинирани.
Бајден, исто така, истакна дека здравствените агенции, заедно со владата, се обидуваат да ја прошират програмата за трета доза и на крајот ќе дозволат таа да се администрира на пошироката јавност. Бајден ги повикува Американците да примат трета доза, најавувајќи дека и тој ќе го стори тоа наскоро.
„Ако ја примивте вакцината на ‘Фајзер’ во јануари, февруари, март оваа година и имате над 65 години, одете да земете бустер. Или ако имате болест, како дијабетес или сте работник во првата линија, како здравствен работник или наставник, сега можете да добиете бесплатна трета доза. Ќе ставам трета доза, тешко е да се признае дека сум над 65 години, но ќе примам бустер доза“,
рече Бајден.
–