Советници на американскиот претседател за Њујорк Тајмс тврдат дека тој веќе размислува да за кандидатура во 2024 година
Адвокатска канцеларија од Пенсилванија се откажа да го застапува Трамп на суд за изборни нерегуларности
Новоизбраниот претседател на САД Џозеф Бајден ја прави се поубедлива победата на претседателските избори во САД, со тоа што најверојатно ќе ги освои електорските гласови и во една од олучувачките држави, Аризона, покажа проекцијата на компанијата „Едисон Рисрч“.
Според проекциите, од 99 отсто преброени гласачи ливчиња, за Бајден гласале 49,4 отсто од излезените гласачи, додека за Трамп гласале 49,1 отсто. Разликата е повеќе од 11 000 гласови во полза на Бајден.
Ашосиејтед прес и Фокс њуз пак, го прогласија Бајден за победник во Аризона уште минатата недела.
Ова е уште еден сериозен удар врз напорите на претседателот Доналд Трамп да ги поништи резултатите од претседателските избори на 3 ноември.
Победата во Аризона, Бајден го носи до 290 гласови во Изборниот колеџ, 20 повеќе од минимално потребните за победа, колку што имаше досега.
Со оглед на тоа што уште во неколку држави сè уште се бројат гласови, изборната математика не му оди во прилот на Трамп.
Републиканскиот претседател постојано тврди дека изборите биле проследени со голема измама, без притоа во јавноста ги поткрепи своите тврдења со докази. За да победи, тој ќе треба да го победи Бајден во најмалку три одлучувачки држави каде Бајден во овој момент води со извесна разлика.
Кампањата Трамп покрена тужби со кои го оспорува пребројувањето на гласовите во одделни држави, иако некои се веќе отфрлени од судовите.
Правни експерти за американските медиуми изјавуваат дека судските спорови имаат мали шанси да го сменат резултатот, а официјалните претставници на Аризона изјавија дека не гледаат докази за сериозни неправилности или измама.
Во меѓувреме, службените лица за безбедност изјавија дека нема докази дека гласачките ливчиња биле избришани или изгубени од системите за гласање. Ова тие го доставиле како официјална белешка до Американската агенција за сајбер безбедност.
„Нема докази дека некој систем на гласање избришал или изгубил гласови, сменил глас или бил на кој било начин бил компромитиран“,
тврдат од групите ангажирани за за изборите на 3 ноември.
Групите, Извршниот комитет на владиниот координативен изборен систем (ГЦЦ) и Координативниот совет на секторот за изборен систем (ДКС), соопштија дека изборите биле најбезбедни во историјата на САД.
„Иако знаеме дека има многу неосновани тврдења и можности за дезинформација во врска со процесот на нашите избори, можеме да ве увериме дека имаме најголема доверба во безбедноста и интегритетот на нашите избори и треба да имате и вие“,
се вели во соопштението од Агенцијата за сајбер безбедност при Одделот за домашна безбедност (ЦИСА).
Ова е одговор на тврдењата на претседателот Трамп за изборна измама, за која од ЦИСА тврдат дека се неаргументирани. Поради ова ЦИСА го навлече гневот на Белата куќа и Трамп.
Водечкиот американски службеник за сајбер безбедност Кристофер Кребс, кој работеше на заштита на изборите од хакери, им соопшти на соработниците дека очекува да биде отпуштен, објави Ројтерс, повикувајќи се на тврдења на добро информирани извори во Агенцијата.
Официјални претставници на Белата куќа побараа „да се уреди или отстрани“ содржината што е спротивна на нивните тврдења за изборите, но службениците на ЦИСА одлучија дека „нема да бришат точни информации“.
Трамп се соочува со поразот, шансата ја гледа во 2024 година
Во меѓувреме, Трамп полека ја губи поддршката и од оние кои на почетокот ја поддржаа неговата правна битка. Една адвокатска канцеларија од Охајо одби да го застапува претседателот Трамп пред судовите за изборни нерегуларности. Иако „Портер Рајт Морис и Артур“ пред неколку дена поднесоа тужба во име на кампањата Трамп во Пенсилванија, се повлекоа од случајот.
„Тужителите и ‘Портер Рајт’ постигнаа заеднички договор дека најдобро ќе биде ако адвокатската канцеларија се повлече од случајот“,
се вели во поднесокот доставен до судот.
Њујорк Тајмс во понеделникот објави дека адвокатите на фирмата со седиште во Охајо одржале состаноци на кои искажале „загриженост“ за нивната работа за кампањата Трамп.
Тоа било истиот ден кога фирмата поднесе тужба против државниот секретар на Пенсилванија, обвинувајќи се за „неправилности“ и за нетранспарентно пребројување на гласовите.
Во меѓувреме, советниците на Трамп тврдат дека тој се повеќе е свесен дека е работата е завршена.
„Тој знае дека е готово. Неговото расположение е често мрачно“,
изјавил еден советник за Њујорк Тајмс, додавајќи дека и покрај впечатокот што го остават неговите твитови, кои честопати се со големи букви, тој воопшто не го повишувал гласот во Белата куќа.
Тие тврдат дека во моментов не постои вистинска стратегија во неговите постапки, бидејќи тој само гледа да „преживее од еден во друг циклус на вести“, пренесува весникот.
Неговите советници тврдат дека Трамп сега сериозно размислува да се кандидира повторно во 2024 година за претседател, бидејќи се повеќе станува јасно дека постои мала веројатност да остане во Белата куќа.