Маските и физичкото растојание остануваат задолжителни мерки за заштита, а секој што сака да влезе во барови, бањи, кина и на други места, освен деца на возраст под една година, ќе мора да имаат дигитален или хартиен доказ за здравствената состојба
По шест месеци под клуч, денеска во Австрија се отвораат рестораните, театрите, кината и спортските објекти, но маските и физичкото растојание остануваат задолжителни мерки за заштита.
Хотелите, исто така, ќе можат повторно да примаат гости, но со потврда дека биле вакцинирани или ако имаат негативен тест.
Секој што сака да влезе во барови, бањи, кина и на други места, освен деца на возраст под една година, ќе мора да имаат дигитален или хартиен доказ за здравствената состојба.
До 3 000 луѓе можат да присуствуваат на настани на отворено, а до 1 500 во затворени простории.
Олеснети се и мерките поврзани со приватни собири, така што четири возрасни или шест деца можат да се бидат заедно во затворено.
Баровите и јавните настани ќе мора да затворат до 22 часот.