Чешка, која претседава со Унијата, соопшти дека се обидува да го отстрани ова прашање од дневниот ред на денешниот состанок
Министерството за енергетика на Австрија денеска соопшти дека земјата во моментов не може да гласа за предлогот на Европската комисија за воведување ограничувања на цената на рускиот гас.
Предложеното ограничување на цената на рускиот гас како спротивно на интересите на Европа и на Унгарија, денеска го оцени и унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто пред вонредниот состанок на министрите за енергетика на ЕУ, кои треба да расправаат и да донесат одлука по ова прашање.
„Колку и да е болно, ние сепак сме зависни од рускиот гас“,
нагласува Виена.
Австриската министерка за енергетика Леоноре Гевеслер на средба со колегите од земјите членки на ЕУ ќе побара да се намали цената со паметни мерки за намалување на потрошувачката на струја.
„Планот со кој ќе се воведе ограничување на цената само за рускиот гас преку гасоводот е целосно против европските и унгарските интереси“,
рече Сијарто во видеоснимка на Фејсбук.
Тој додаде дека тоа веднаш ќе доведе до прекин на испораките на руски гас и дека не е потребна Нобелова награда за да се сфати тоа.
„Ова утро ќе дадеме сè од себе за Брисел конечно да разбере дека снабдувањето со гас не е идеолошко ниту политичко прашање туку физичка реалност“,
рече Сијарто.
Чешка, која претседава со Унијата, соопшти дека се обидува да го отстрани од дневниот ред на денешниот состанок ова прашање.
Ограничувањето на цената на рускиот гас е главната од сетот мерка што ги предлага Европската комисија за олеснување на ценовниот шок врз граѓаните.
„Главната мерка што ја предлага Европската комисија е ограничување на цената на рускиот гас, и истовремено диверзификација на изворите на гас, преку увоз на течен природен гас од Норвешка, Алжир, Азербејџан и други земји“,
рече во средата, неделава, Урсула фон дер Лајен ги презентирајќи ги предлозите за олеснување на ценовниот шок врз граѓаните.