Левичарската Лабуристичка партија на Албанезе победи и ја замени конзервативната коалиција и неговиот претходник Скот Морисон, на изборите во сабота. Коалицијата е на власт девет години, а за тоа време се сменија тројца премиери
Новиот австралиски премиер Ентони Албанезе денеска положи заклетва пред да замине на самитот во Токио, на кој ќе учествува и претседателот на САД, Џозеф Бајден.
Поранешниот лидер на левоцентристичката опозиција, кој истакнува дека неговата земја е подготвена да се вклучи во борбата против климатските промени, ќе учествува на самитот Квад (САД, Индија, Јапонија, Австралија) во вторник во Токио.
На собирот покрај Бајден ќе учествуваат и јапонскиот премиер Фумио Кишида и индискиот премиер Нарендра Моди.
Новиот премиер положи заклетва на кратка церемонија.
Меѓу членовите на неговиот тим кои ја презедоа функцијата се и министерката за надворешни работи Пени Вонг, која ќе му се придружи на Албанезе на самитот во Токио, министерот за буџет Џим Чалмерс и министерот за финансии Кејти Галагер.
Левичарската Лабуристичка партија на Албанезе победи и ја замени конзервативната коалиција и неговиот претходник Скот Морисон, на изборите во сабота. Коалицијата е на власт девет години, а за тоа време се сменија тројца премиери.
„Сакам да водам влада која го има истото чувство на оптимизам и надежта кои мислам дек го дефинираат австралискиот народ“,
рече Албанезе во Сиднеј пред да замине во главниот град на земјата, Канбера, за да положи заклетва.