Новинар
Васко Попетревски е главен уредник на „360 Степени“. Пред воспоставувањето на телевизиската емисија „360 Степени“ во 2014 година, од април 2013 година работи како уредник-водител на вестите на ТВ „Алсат“. Претходно работел како репортер и уредник во неделникот „Граѓански“ (2012 г.), дневниот весник „Дневник“ (2009-2011 г.) и телевизиите „Канал 5“ (2003-2009 и 2000 г.) и „А1“ (2001-2003 г.). Дипломирал на студиите по новинарство на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје како најдобар студент во генерацијата 1996-2000 г.