Во новото издание на „360 степени“:
– Дали оние што се револтирани од условните казни за насилниците од Собранието, можат да се организираат на протест, да влезат во обвинителството и судот, да ги маваат со столови, стативи и шипки, обвинителот Марковски и судијката Ангеловска-Васевска, да ги раскрвават, а потоа обвинителот Марковски да им поднесе обвинителен предлог за учество во толпа, тие да кажат дека се каат, а судијката Ангеловска да им пресуди условни казни?
– Дебатата со професорката по кривично-процесно право Арта Биљали-Зендели, адвокатот и поранешен судија Валентин Зафиров и адвокатката Натали Петровска од невладината Коалиција „Сите за правично судење“.
– Нова Саботажа.