Утринава на јутјуб канал со наслов „Слушне вистина“ се појави аудио снимка во која се слуша гласот на лидерот за СДСМ, Зоран Заев, во која споменува дел од предметите кои ги водеше Специјалното јавно обвинителство.
На аудио снимката не се слуша глас од соговорник, туку пласирани се исечоци од реплики на Заев во кои ги споменува предметите на СЈО, како и дека по 30 јуни 2017 година прислушуваните разговори што тој ги објавуваше нема да важат. Тој дел од разговорот е во контекст на преговорите кои се водеа за новиот Закон за јавно обвинителство што имаше за цел да го реши статусот на СЈО.
„Доаѓаа два-три пати тука кај мене. Врховниот суд ја донесе одлуката и таа одлука се до Врховниот суд додека стигне е таа одлука. Доле гледа зезаат, основни, не знаат како да постапат… Ние политички многу не смееме заради граѓанскиот сектор, сега во законот го ставивме, дека материјалите важат до 30 јуни 2017. Финито, готово. Тоа и за ДУИ е важно и тоа е едно од решенијата што ги имаме“,
се слуша во дел од снимката.
Понатаму, Заев вели дека по 30 јуни остануваат живи само 18 предмети. Споменува и гласање во парламентот, а во нејасен контекст ги споменува и Оливер Спасовски, и Радмила Шекеринска.
„Се знае што се прави позадински. На пример, што правам јас, ако правиш за сите ќе правиш. Генерално сум поставил став против притворите сум, јавно кажувам со се. Викам, треба тоа во парламентот или не треба, ако сакате се откажува од парламентот. ‘Не, не’ рекоа, важно е тоа во парламентот, врзани ми се пратениците, погодил човекот…“, се слуша понатаму на снимката.
се слуша во дел од снимката.
Во вториот дел ги споменува повторно Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска и Катица Јанева.
„Сите тука што се чинители знаат дека се обидуваме да дојдеме до бројки… Филмовите се правени комплетно дека луѓето не треба да одат во притвори, имаат дела нека си одат делата понатаму и готово“,
се слуша на снимката.