За време на престојот на Кипар, Папата повика на помирување на православните и католичките христијани
За време на средбата на Папата Франциск со архиепископот атински и грчки Јероним во Атина, свештеник го навреди поглаварот на Римокатоличката црква, нарекувајќи го неверник.
„Папа, ти си еретик!“,.
извикал свештеникот трипати додека Франциск доаѓал во резиденцијата
Свештеникот паднал на земја, а потоа бил приведен од страна на полицијата. Папата Франциск тоа не го ни забележал додека влегувал во резиденцијата на средба со православниот поглавар.
Инцидентот следува по малите протести на Кипар, а чии жители етнички Грци се исто така претежно православни.
За време на престојот на Кипар, Папата повика на помирување помеѓу православните и католичките христијани.
Официјалната посета на Франциско на Грција е прва посета на папа од 2001 година, кога во Атина престојуваше папата Јован Павле Втори, кој тогаш се извини за гревовите што католиците „со правење или пропуштање“ ги правеле против „православните браќа“ низ вековите.