Кинематограферот Самир Љума објави дека ѕвездата на документарецот „Медена земја“, кој се тркаше за „Оскар“, Атиџе Муратова, ја снимила својата прва студиска песна. На својот твитер-профил, Љума сподели и фотографија од Муратова од студио, а кинематограферот додава и дека станува збор за песната „Покрај река Брегалница“.
Hatidze Muratova from Honeyland recorded her first song “Pokraj reka Bregalnica”. pic.twitter.com/iqGYwpJ4pT
— Samir Ljuma (@chkrap) July 5, 2020
И во документарниот филм Муратова не ја криеше својата љубов кон музиката. Како што пренесува Радиомоф.мк, токму темата на нејзината прва студиска песна таа сакала да ја испее на „Оскарите“, доколку документарецот го добиеше највисокото признание.
Порталот потсетува и на видео каде што таа ја пее „Покрај река Брегалница“ заедно со Самир Љума.
*ПОВРЗАНА ВЕСТ: (ВИДЕО) Од Бекирлија до Холивуд – како се снимаше „Медена земја“