По посета на Приштина, македонскиот вицепремиер Артан Груби денеска и утре престојува во официјална посета на Тирана, информираат од неговиот кабинет.
Според најавите, исто како и во Приштина така и во Тирана, Груби ќе побара од тамошните лидери да упатат повик кон Албанците од дијаспората да се регистрираат на пописот во Северна Македонија.

Тој на својот профил на Фејсбук се пофали со успехот што се постигнува на пописот во дијаспората, укажувајќи дека благодарејќи на мобилизацијата бил прифатен апелот на влијателните Албанци и само во изминатиот ден биле регистрирани 23 илјади државјани на Северна Македонија што живеат во странство.
Со тоа, бројката на лица од дијаспората што се попишале надмина сто илјади.