На само 5 минути пред завршувањето на вонредната состојба, воведена заради справување со пандемијата од ковид-19, СДСМ наместо да се посвети на сузбивање на пандемијата, на последната седница на Влада, изгласаа уредба во пресрет на предвремените парламентарни избори за медиумски мрак и гушење на политичкото претставување на опозицијата, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Според него, по завршувањето на предвремените парламентарни излегле сите лукративни дејанија на СДСМ.
„Не само што беше против законски, туку беше директно мешање во изборниот процес. Па така, ВМРО-ДПМНЕ доби ограничен простор за рекламирање во медиумите, а СДСМ доби простор да може да се рекламира и двојно повеќе од ВМРО-ДПМНЕ“,
вели тој.
Арсовски смета дека Владата предводена од СДСМ ја искористиле вонредната состојба за уредба со цел да се задуши медиумскиот рекламен простор за ВМРО-ДПМНЕ.
„СДСМ директно мешајќи се и интервенирајќи во изборниот законик, придонесе да се ограничи рекламниот простор на штета на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ‘Обнова на Македонија’, за да истата СДСМ може да манипулира со рекламниот простор во медиумите. Ова беше и една од причините за најнедемократските избори и изборниот грабеж кој што е случи на овие избори“,
рече Арсовски на денешната прес-конференција.