Имаме комуникација со политичките партии и не би навлегувал во детали да не ги нарушам процесите. Но, од она што може да се забележи од претходно што го говорел и претседателот Христијан Мицкоски, но и што се постулатите на ВМРО-ДПМНЕ, програмските, економските определби треба да се идентификуваат, рече денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски во одговор на новинарско прашање околу преговорите за формирање нова Влада.
Во однос на комуникацијата на ВМРО-ДПМНЕ со останатите партии, вели тој, дека односите се пријателски и комуникација има со сите партии.
Прашан дали по средбата на Мицкоски со лидерот на ДУИ Али Ахмети се најавува нова средба или пак во меѓувреме се разговара конкретно со оваа партија или со некоја од останатите партии од албанскиот блок Арсовски со ист одговор дека нема да навлегува во детали за да не наштети на процсот.
„Од она што можеше да се забележи имаше една средба меѓу претседателот Мицкоски и претседателот ДУИ, Ахмети која се одржа во Собранието траеше околу еден час, се разговараше за повеќе теми. Доколку и како ќе се развива ситуацијата натаму ќе бидете благовремено известени од наша страна исто како што бевте и минатиот пат“,
рече Арсовски.
На прашањето дали вчерашната средба на секретарите на СДСМ и на ДУИ Љупчо Николовски и Артан Груби, ги поткопува плановите на ВМРО-ДПМНЕ за евентуална коалиција со ДУИ, Арсовски одовори дека имало начелна договорена лага дека тие две партии договориле Влада и повторно побара СДСМ да кажат кое е парламентарното мнозинство што го направиле.
„Па да, мислам дека таа начелна, договорена лага траеше неколку часа, бидејќи веднаш потоа СДСМ сами се демантираа дека договориле Влада со Демократската Унија за Интеграција. Па затоа, еве уште еднаш би искористил прилика и јавно да повикам, и воедно да апелирам и до вас медиумите да ги прашате СДСМ, бидејќи три дена веќе велат дека имаат мнозинство, па сами се демантираат, да излезат јавно и да кажат кои се политичките партии со кои што коалицираат, кое е парламентарното мнозинство составено и да бидат транспарентни пред граѓаните. Во моментов стана пишманска партија, така наречена СДСМ пишманска. Како што гледаме, коалициите им траат по неколку часа откако ќе ги обзнанат“,
изјави Арсовски.