Според неа, во држава во која сѐ се краде, му се цица крвта на народот, главна тема е елката на плоштад
„Се товарат со хидроцентрали и тоа не е тема, туку елката на плоштад. Некој го боли оти утре нема да може да краде. За мене поважно е сите овие ранливи категории на кои им овозможуваме цела година да имаат топол оброк, да има каде да преспијат, купивме две возила, кои со години не биле купени, со кои се транспортираат лица со физички попречености. И тоа не е важно, важна е елката. Секој ден одбирам да помогнеме на тие луѓе, наместо да имаме елка од 300 илјади евра и пак имаме елка и не една, туку шест елки, вели таа
„Нема една елка, туку има шест елки. Скопје е накитено, но сега китењето на главниот град чини 30 илјади евра, а не 300 илјади евра како претходните години.“
Ова градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, го изјави во синоќешното гостување во емисијата „Тешки муабети“ на Инфомакс, како реакција на коментарите на граѓаните дека пред новогодишните празници се доцни со украсување на градот, но и на повикот на поранешниот градоначалник Петре Шилегов, кој рече дека неговата наследничка треба да си поднесе оставка од функцијата, оценувајќи оти главниот град се наоѓа во процес на целосна девастација.

„Да не се покренеше оваа цела масовна хистерија, ќе ми беше чудно. Но, никој не прашал во изминативе 10 години како тоа 300 илјади евра се давале годишно да се стави половина од ова што ние сега го правиме. И нема една елка, туку има шест елки. Градот Скопје има буџет колку една рурална општина во Србија. Имаме 70 милиони оперативен буџет. А, градот Белград има една милијарда и 300 милиони буџет. Значи, имаме буџет колку градот Чачак во Србија“,
изјави Арсовска.
Арсовска вели дека со сите притисоци и хајки, направила за градот Скопје и повеќе од нејзините претходници.
Толку многу сме направиле со сите блокади што сме ги имале во Советот, со политичките притисоци и саботажи од сите страни. На сите овие што ја прават оваа хајка, ако успеете да им ја затворите устата со 450 проекти. Треба малку да се замислат“,
вели таа.
Зборувајќи за проектите кои изминатите две години ги направила, Арсовска даде споредба со тоа што го направил нејзиниот претходник Петре Шилегов.
„Не успеа да направи ни пет отсто од неговата програма. Јас да сум како него, би си го изгасила Фејсбукот“,
додаде градоначалничката.
За коментарите во јавноста дека доцна почнало украсувањето на градот, таа даде ветување до скопјани дека следната година со украсување ќе се почне уште од 20 септември.
„Треба да разбереме една работа, ние славиме Божик на 7 јануари, секоја година се кити во исто време. Јас им ветувам на граѓаните дека следната година од 20 септември ќе почнеме да китиме. За да биде навремено накитено. Ако тоа е главниот проблем. Меѓутоа, во држава во која сѐ се краде, му се цица крвта на народот, тоа не е тема. Се товарат со хидроцентрали и тоа не е тема, туку елката на плоштад. Некој го боли оти утре нема да може да краде. За мене поважно е сите овие ранливи категории на кои им овозможуваме цела година да имаат топол оброк, да има каде да преспијат, купивме две возила, кои со години не биле купени, со кои се транспортираат лица со физички попречености. И тоа не е важно, важна е елката. Секој ден одбирам да помогнеме на тие луѓе, наместо да имаме елка од 300 илјади евра и пак имаме елка и не една, туку шест елки,
рече Арсовска.
Според неа, тешко ќе биде да се оправда како се правело со 300 илјади евра, а сега се прави за 30 илјади евра.
„Истиот човек да зима 300 илјади евра за да го кити градот. Тој е кум на Петре Шилегов. Важно елката споро се китело. Еве, луѓе, накитено, ама никој не ве покраде. Можам да им ветам на граѓаните дека тоа што се лоповело и крадело, тоа нема да се прави, барем ја додека сум тука“,
додава Арсовска.