Според соопштението од Град Скопје, нов директор на ЈСП е Драги Кушовски, во „Паркови и зеленило“ е назначен Мартин Ангеловски, а во „Улици и патишта“ за директор е поставен Ванчо Умленски
Јавните претпријатија ЈСП „Скопје“, „Паркови и зеленило“ и во „Улици и патишта“ од денеска добија нови директори, назначени од страна на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
Според соопштението од Град Скопје, нов директор на ЈСП е Драги Кушовски, во „Паркови и зеленило“ е назначен Мартин Ангеловски, а во „Улици и патишта“ за директор е поставен Ванчо Умленски.
Оттаму велат дека тројцата директори на овие позиции доаѓаат од приватниот сектор.
„Тие се професионалци со поединечни портфолија и секој има повеќе од 15 години работно искуство на раководни позиции“,
се вели во соопштението од кабинетот на Арсовска.
Во следниот период, како што велат од Градот, ќе се посветат на отстранување и надминување на предизвиците со кои јавните претпријатија се соочуваат континуирано во изминатите децении, како и за унапредување на работата на претпријатијата и реализација на програмските активности и проектите.
Досега директор во ЈСП беше Крсте Петревски, кадар на ГРОМ, во „Паркови и зеленило“ Сефи Шабани, кој претходно беше секретар во Општина Сарај, а во „Улици и патишта“ – Ќамил Ковачи.