Сотировски поднесе оставка откако тоа го сторија сите директори што Арсовска ги назначи на функција, а се членови на ВМРО-ДПМНЕ

Новиот политички амбиент во Град Скопје нема да ми дозволи максимално да се фокусирам на најважното, а тоа е успешно менаџирање на претпријатието. Токму поради тоа, се повлекувам од должноста в.д. директор, напиша на Фејсбук, Ангеле Сотировски, сега веќе поранешен директор на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“.
„За жал во последно време чувствувам дека недостасува потребната комуникација со вас како мој директерн претпоставен. Сето тоа може да придонесе до недоволно реализирање на предвидените планови и активности во претпријатието со кое управувам“,
се вели во оставката од Сотировски.

Сотировски е кадар на Социјалистичката партија на Македонија (СПМ) која е коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ. Неговата оставка доаѓа откако тоа го сторија сите директори што Арсовска ги назначи на функција, а се членови на ВМРО-ДПМНЕ.
На функција останаа само директорот на ЈСП „Скопје“ – Александар Стојковски и директорката на „Комунална хигиена“ – Косана Мазнева, како и новоназначениот на „Водовод и канализација“ – Марјан Митовски.