На последниот ден од 2021, Град Скопје назначи директори на две јавни претпријатија под негова надлежност.
Филип Пасху од денеска е нов в.д. директор на ЈП „Градски Паркинг“ каде претходно веќе има работено како заменик-директор и претседател на Управниот одбор.

„Тој е магистер по економија, со долгогодишно работно искуство во управување со бројни проекти на УСАИД, ДФИД, ИПА фондовите на Европската Унија. Има искуство и од позицијата неизвршен директор на АД ’Енергетика‘ Скопје, заменик-директор на ’Градски Паркинг‘, како и претседател на Управниот одбор на истото претпријатие“,
соопштија од Градот.
Пред неколку часа од кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска информираа за уште назначување. За в.д. директор на Јвното претпријатие „Комунална Хигиена“ – Скопје беше назначен Зуди Енузи Кока.
Од доаѓањето на новата градска власт, градоначалничката Данела Арсовска назначи нови в.д. директори и на: „Дрисла“ – Јане Мицевски; „Лајка“ – Воислав Димитровски; ЈСП – Иван Илиевски; „Улици и патишта“ – Борис Настов; Зоолошката градина Скопје – Кристијан Стаменов; „Паркови и зеленило“ – Ангеле Сотировски.
- „Метла“ во „Дрисла“: Арсовска назначи нов в.д. директор
- Арсовска ја разреши Петрушевска и назначи нов в.д. директор на ЈП „Лајка“
- Ветувањето за бесплатен превоз ќе треба да го реализира друг директор на ЈСП, Арсовска го разреши и Чушков
- Борис Настов нов в.д. директор на ЈП „Улици и патишта“ Скопје
- Арсовска го назначи Кристијан Стаменов за нов в.д. директор на скопската Зоолошка
- Арсовска назначи уште еден директор: Со „Паркови и зеленило“ ќе раководи Ангеле Сотировски