Беса Арифи, универзитетска професорка по кривично право, во дебата на „360 Степени“ за најавениот закон за амнестија на дел од обвинетите за 27 април и за одбраната пред судот на обвинетите Александар Василевски-Нинџа и браќата Младеновски, го повтори својот категоричен став против амнестијата.
– Апсолутно да, бидејќи сметам дека се работи за тежок напад на демократијата на една држава, исто така сметам дека се работи за едно сложено кривично дело, кое вклучува случаи на тероризам, и никако не би дозволила таков начин на решавање на овој случај, опфаќајќи го во еден закон за амнестија кога знаеме дека такво нешто би можело да се повтори во иднина, без многу проблеми, бидејќи пред се треба да имаме во предвид дека беше начин на спрчување на трансфер на власта. Секаков вид на амнестија ќе може да ја отвори вратата за во иднина повторно да има такви немири. На еден нормален човек, и на еден граѓанин што ги спроведува законите на една земја не треба да му се даде пораката дека ќе се толерира насилното влегување во највисоката законодавна институција на една држава. Без оглед на тоа кој вршел насилство и како го вршел таквото насилство, јас мислам и се уште стојам цврсто на тоа мислење, дека самиот таков упад во Парламентот овозможи да се направи целата таа гужва таму и потоа да заврши со насилните настани. Така што не може да се амнестира самиот процес како таков без оглед на начинот на кој тој дојде до крајот и последиците кои уследија и улогата на некој поважен или помалку важен. Јас мислам дека самата помисла на напад врз Парламентот, кога таму треба да се изврши мирно предавање на власта, е проблематична и не треба да се толерира – рече Арифи.
Напишете коментар