Во краткото соопштение не се наведуваат детали за што е разговарано, туку само се вели дека двајцата поглавари разговарале за теми од взаемен интерес за состојбите во православниот свет

Руската православна црква денеска објави вест дека имало телефонски разговор помеѓу Патријархот Кирил и Архиепископот Стефан.
Во информацијата не се наведуваат детали за што е разговарано, но пишува дека двајцата поглавари разговарале за теми од взаемен интерес за состојбите во православниот свет.
„Поглаварите на двете Цркви си разменија честитки за празникот Света Пасха. За време на братскиот разговор, кој се одвиваше во топла атмосфера на братска љубов и меѓусебно разбирање, се разговараше за состојбите во православниот свет и за други теми од заемен интерес“,
стои во соопштението објавено од Руската православна црква.