Пратеникот на ДУИ, Арбен Зибери, се огласи по повод информациите дека тој е суспектен на ковид-19 и поради тоа за новиот состав на Влада гласал во изолирана просторија во Собранието.
Тој денеска вели не направил тест за ковид, за да знае дали е позитивен, но, бидејќи не се чувствувал добро, решил да гласа изолиран од останатите пратеници.
„Би сакал да ве известам за дилемите од вчера, кога требаше да присуствувам на Собранието на Северна Македонија на седницата предвидена за гласање на формирање на Владата. Од утрото не се чувствував добро и, за да не го загрозувам здравјето на другите, во соработка со претседателот на Собранието како и со колегите, решив да гласам согласно протоколите или сам во кабината, без никаков контакт со другите. Јас не направив тестот на ковид за да знам дали сум позитивен, затоа ги молам медиумите и порталите не манипулираат. Добро здравје на сите“,
напиша Зибери на својот профил на Фејсбук.