Тој ќе го замени Ариф Асани кој до вчера беше заменик-директор
Бирото за јавна безбедност (БЈБ) доби нов заменик-директор. На позицијата е назначен Арбер Јашари.
Јашари, како што од МВР соопштиле за МИА, доаѓа од Центарот за обука на МВР.
Тој ќе го замени Ариф Асани кој до вчера беше заменик-директор.
Јашари ќе му биде заменик на Сашо Тасевски, кој е директор на БЈБ од август 2018 година.